Connect with us

Други спортови

Новинарката: Може ли да те наречам најдобариот досега? Ѓоковиќ: Може да ме викаш Новак

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 3:0 во сетови за рекордна 23. Грен слем титула. Со тоа Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на грен слем титули во историјата. Пред Ролан Гарос ситуацијата на врвот беше изедначена. Ѓоковиќ и Надал имаа по 22 победи на четирите најголеми турнири, додека сега сам Ѓоковиќ е на врвот. Роџер Федерер е на дваесет Грен слем круни во кариерата.

По мечот, поранешната тенисерка, а сега новинарка Барбара Шет побара изјава од Новак. Таа го замоли Ѓоковиќ да и каже дали сега може да го нарече најдобар тенисер на сите времиња. Ѓоковиќ и одговорил: „Можеш да ме викаш Новак, го сакам моето име“. Ја насмеа неа и нејзините колеги Тим Хенман и Матс Виландер.