Connect with us

Фудбал

Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед планира да укине 300 работни места!!!

Новиот косопственик на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, одлучил да укине 300 работни места во клубот од „Олд Трафорд“ пишува „The Guardian“.

Бизнисменот побарал од ревизорите да ја проценат структурата и трошоците на „Црвените ѓаволи“ за да се изврши оптимизација. Тој има намера да го намали персоналот од 1.000 луѓе за 25-30 проценти.

Претходно беше објавено дека Ратклиф станал сопственик на 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед.

Објавено е дека INEOS, со кој претседава 71-годишниот милијардер, сега ќе биде одговорен за сите фудбалски операции во Манчестер јунајтед.