Фудбал
Новиот шеф го уништи договорот на Влаховиќ во Јувентус
Раководството на Јувентус се откажа од намерата да го привлече Душан Влаховиќ од Фиорентина преку јануарскиот преоден рок, соопштуваат од Италија.
Новиот извршен директор на клубот – Маурицио Аривабене, одлучи да ги намали скапите набавки во клубот. „Старата дама“ мора внимателно да дејствува во претстојниот преоден рок, со оглед на сложената ситуација околу Ковид-19 и економските последици.
Аривабене е против привлекување играчи како Душан Влаховиќ и Антонио Скамака.