Connect with us

Фудбал

Новиот тренер донесе одлука: Кој ќе биде прв голман на ПСЖ?

Кристоф Галтиер следната сезона ќе го предводи тимот на ПСЖ и на овој стручњак му претстои многу работа.

Парижаните повторно ќе атакуваат на титулата и секако дека се убедливо најголеми фаворити кога е домашното првенство во прашање, но сопствениците на клубот сепак се многу позаинтересирани за Лигата на шампионите, која овој богат тим не може да ја освои без разлика на многуте ѕвезди што ги има во тимот.

 

Токму Галтие денеска имаше средба со клупскиот директор Луис Кампос во врска со идниот играчки кадар. Она што е речиси сигурно е дека стартери и клучни играчи ќе бидат Лионел Меси, Килијан Мбапе и Марко Верати, а прв голман ќе биде Џанлуиџи Донарума.

 

Во својата дебитантска сезона, Донарума наизменично се менуваше на голот со Кејлор Навас, но сега Италијанецот ќе биде прв голман, додека Костариканецот својата шанса ќе ја чека од клупата за резерви.

 

Во првата сезона во Париз, Донарума забележа само 23 настапи, но работите за него целосно ќе се променат по доаѓањето на Галтие, кој поради тоа има четворица сигурни стартери, а остатокот од тимот ќе биде составен во зависност од засилувањата.

 

„Светците“ го доведоа Витиња од Порто, млад играч за врска кој вреди 40 милиони евра, се очекува и Ренато Санчес од Лил, а листата на засилувања не треба да застане тука.