Connect with us

Фудбал

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед се појави пред новинарите: Ќе дадам се од себе, овој клуб е мојот живот

Како што беше најавено, Мајкл Карик ќе го предводи Манчестер Јунајтед, откако Оле Гунар Солскјер доби отказ. Од клубот велат дека тој ќе биде новиот тренер се до назначувањето на трајно решение за тренерската позиција.

-Го подготвувам тимот за утре и ќе го дадам најдоброто од себе си. Го познавам клубот многу добро, бидејќу сум долго време тука. Овој клуб е мој живот, не знам колку долго ќе останам на клупата, но на тоа воопшто не размислувам во моментов, изјави Карик.

Карик досега беше помошник на Солскјер, а ќе дебитира утре вечер кога Манчестер Јунајтед гостува на Виљареал во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама