Connect with us

Фудбал

Ново големо признание за Бојан Миовски – избран за фудбалер на сезоната на Абердин!

Бојан Миовски блеска во оваа сезона во шкотското првенство. Ова не е наш заклучок, туку тоа го забележуваат сите. Откако се најде во дрим тимот на сезоната во шкотското првенство, ново признание за македонскиот напаѓач. Имено, тој е прогласен за играч на сезоната на неговиот клуб Абердин.

Миовски во овој момент има 14 голови и две асистенции, и се наоѓа на третото место на листата на стрелците во Шкотска.