Connect with us

Фудбал

Ново име за клупата на Барселона, дали наместо англиски ќе учи каталонски?

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри, добил предлог да ја предводи Барселона.

Педесет и две-годишниот стратег треба да го замени Ернесто Валверде, за кого се очекува да биде отпуштен, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.

На крајот на минатата сезона Алегри го напушти Јувентус.

Во моментов, Италијанецот е на одмор и учи англиски јазик. Дали, ќе се одлучи наместо англиски, да почне да учи каталонски јазик.