Connect with us

Фудбал

Ново изненадување во Купот на кралот

Второлигашот Спортинг Хихон се пласираше во осминафиналето од Купот на Шпанија, откако оствари пресврт против Виљареал и победи со 2-1. „Жолтата подморница“ поведе на почетокот на вториот дел со голот на Раул Албиол. Урош Дурдевиќ, кој влезе како резерва, израмни во 67. минута, а на две минути пред крајот успехот на домаќините им донесе Богдан Милованов.

Тимот на Унаи Емери пристигна во Хихон во серија од шест последователни победи и со 20 постигнати голови на последните 4 натпревари. Сепак, тоа не му помогна на Ел Молинон. Домаќините тргнаа посилно, но Виљареал имаше контрола по паузата. По водството гостите беа блиску до вториот гол, но една брилијантна интервенција на Диего Марино го спречи Алберто Морено.

По лошото расчистување на Рули, топката стигна до Дуѓевиќ, кој израмни во 67. минута. После тоа, натпреварот беше изедначен на позициите пред двете порти, но прекрасна комбинација на Спортинг на крајот доведе до победничкиот гол на Милованов.

Реклама

Facebook

Реклама