Фудбал
Ново засилување во Барселона: Договорен трансфер од 35 милиони евра
Шпанскиот шампион Барселона договори трансфер вреден 35 милиони евра.
Клемент Ленглет кој доаѓа од Севиља, ќе стане новиот играч на каталонскиот гигант.
Трансферот меѓу Барса и Севиља е договорен. Каталонците за услугите на 23-годишниот централен бек на Севиња ќе му плати 35 милиони евра и три милиони евра, кои ќе бидат исплатени на неговиот поранешен клуб Нанси.
Официјалната промоција на играчот ќе се одржи во наредните денови. Ленглет, ќе стане член на Барса каде за позицијата стопер ќе се борат со Самуел Умтити и Пике.