Connect with us

Фудбал

Њукасл се договори со Лион за бразилскиот репрезентативец

Играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Бруно Гимараеш, ќе биде третото ново засилување на Њукасл во јануарскиот преоден рок. Според широко распространетите информации, „децата“ во четвртокот доцна навечер се договориле да го продадат Гимараеш на „страчките“ за околу 33 милиони фунти.

Се очекува 24-годишниот Бразилец во петок да го помине задолжителниот лекарски преглед.

Играчот од средниот ред моментално е во репрезентацијата за светските квалификации, а рано утринава остана неискористена резерва во ремито 1:1 како гостин на Еквадор.

Гимараеш му се приклучи на Лион во јануари 2020 година од бразилскиот тим Атлетико Паранаенсе и беше еден од најдобрите играчи во Лига 1 оваа сезона со шест асистенции во 25 натпревари досега.

Тој ќе биде третото ново засилување во тимот на Еди Хау, кој се бори за опстанок во елитата, по Киеран Трипиер и Крис Вуд.