Други спортови
О’Саливен ја брка својата 40-та титула во недела
Рони О’Саливен, легендата на снукерот се пласираше во финалето на Мастерсот во Шангај, откако во полуфиналето го совлада својот голем ривал Марк Селби со 10:7.
Во финалето в недела ќе играат против подобриот од мечот Нил Робертсон – Лука Бресел.
О’Саливен во недела игра за 40-та голема титула во кариерата.
Тој одигра уште еден интересен натпревар во Кина и ја постигна 16-та последователна победа на овој турнир.
Во четвртфиналето против Џон Хигинс губеше со 5:2 и го сврте мечот на 6:5, а на овој дуел Селби поведе со 7:6 и имаше чиста позиција на табелата за водство од 8:6.
Сепак, по една грешка, стариот Англичанец му го украде фрејмот и доминираше на табелата до крајот на мечот и ја постигна 17-та победа во меѓусебните дуели со ривалот од Лестер.
Селби остана на 11 победи против Рони.