Тајмаут
Оаза на нивната среќа: Роналдо и Георгина одморот во Грција ги чини 8.000 евра дневно
По тешка сезона, Кристијано Роналдо и неговото семејство отпатуваа за Грција на одмор.
Поради својата посветеност на репрезентацијата на Португалија, Роналдо имаше малку подолга сезона, но на крајот доби заслужена пауза. Фудбалерот на Јувентус најде мир и задоволство во Грција.
Тој е со Георгина и децата, престојуваат во луксузна вила која чини околу 8.000 евра на ден, соопшти шпанскиот „Jaleos“.
Вилата „Methoni Royal“ има 630 квадратни метри и се наоѓа веднаш до златната песочна плажа. Огромната вила ги има сите можни придружни објекти, како и дворец “од филмовите”.
Роналдо и овој пат бараше место каде што тие ќе бидат изолирани од страна на медиумите и каде тие ќе имаат приватност.
Се претпоставува дека Роналдо и Георгина ќе потрошат околу 56.000 евра за сместување, што, се разбира, за нив не е многу.
Пред Грција, Роналдо и Георгина беа во Хрватска во вила во Дубровник и таму потрошија неколку десетици илјади евра.