Кошарка
Обезбедувањето на НБА ѕвездата ја нападнало славната Бритни Спирс! Пејачката сакала фотографија со чудото од играчот, но завршила на земја
Неофицијалните информации велат дека Бритни Спирс паднала на земја откако била оттурната од обезбедувањето на новата НБА ѕвезда Виктор Вембањама.
Американската поп пејачка Бритни Спирс е повредена откако отишла да ја замоли новата НБА ѕвезда Виктор Вембањама за заедничка фотографија, пренесува добро информираниот „ТМЗ“. Скандалот се случил во средата вечерта во Лас Вегас кога еден од телохранителите на талентираниот кошаркар наводно ја удрил пејачката во лицето, по што таа повикала полиција и поднела приватна тужба, додава овој американски портал. Инцидентот се случил во ресторанот на хотелот „Ариа“ околу 21 часот и 30 минути кога Бритни Спирс заедно со сопругот Сем Асгари и уште две другарки биле на вечера, а потоа го забележала Вембањама, чиј наводно е обожавател, иако младиот Французин дури од есента почна да игра во НБА.
Изгледа дека слушнала за него на социјалните мрежи уште пред да биде избран за прв пик на НБА драфтот, па сакала да се фотографираат заедно, за во тоа да биде спречена од обезбедувањето.
„Го тапна по десното рамо, а веднаш потоа телохранителите скокнаа врз неа, по што таа падна на земја“, велат од ТМЗ и додаваат дека после тоа пејачката отишла на нејзината маса во ресторанот, а потоа обезбедувањето испратило извинување.