Фудбал
Објавата на Барселона докажа дека Миралем Пјаниќ дефинитивно го напушта „Камп Ноу“
Миралем Пјаниќ најверојатно ќе ја напушти Барселона.
Пјаниќ на крајот на сезоната беше отпуштен од каталонскиот клуб, но на подготовките успеа да се докаже пред Чави Ернандез, кој реши да ја задржи во клубот.
Сепак, во воведните четири натпревари од новата сезона, Пјаниќ беше меѓу тројцата играчи кои воопшто не добија шанса за настап, па очигледно решил дека е време да си замине.
Шпанските медиуми пред неколку дена ги изненадија сите со објавата дека Пјаниќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати, што секако никој не очекуваше дека ќе се случи.
Летово Пјаниќ имаше понуда и од Катар, но ја одби бидејќи рече дека целта му е да остане во Барселона.
Меѓутоа, кога сфати дека нема да има можност да игра колку што очекуваше, Пјаниќ очигледно во последен момент реши да го смени клубот. Сепак, никој не очекуваше да оди во Обединетите Арапски Емирати.
Се очекува утре Пјаниќ таму да потпише за Шарја, а денеска не беше на тренингот на Барселона бидејќи го финализираше трансферот кој наскоро ќе биде официјализиран.
Исто така, многумина сметаат дека Барселона на некој начин веќе го потврдила заминувањето на Пјаниќ. Имено, Чави го објави списокот на играчи на Барса за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Викторија Плзен, а на списокот го нема Пјаниќ.
The squad for #BarçaViktoria! pic.twitter.com/YK6kTWr1vO
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 6, 2022
Наместо Пјаниќ на списокот за утрешниот меч се најде Арнау Тенас, а да се напомене дека во конкуренција за овој меч нема да бидат ниту новите играчи на Барселона, Ектор Белерин и Маркос Алонсо.
Натпреварот помеѓу Барселона и Викторија Плзен се игра на стадионот „Камп Ноу“ со почеток во 21 часот.