Поврзи се со нас

Фудбал

Објавен долгот на Барселона, клубот е пред банкрот!

Каталонскиот фудбалски клуб Барселона должи дури 820 милиони евра.
Ова денеска го објавија шпанските медиуми, кои тврдат дека на клубот му се заканува банкрот поради натрупаните долгови.

Поради пандемијата на коронавирусот, Барселона остана без приходи од билети, а фали и големиот број туристи кои го посетуваа „Камп Ноу“. Покрај тоа, клубот испадна во почетокот на Лигата на шампионите и едноставно не ги заработи очекуваните пари.

Покрај тоа, дополнителен проблем за Барселона е и фактот што сега поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу се договори со американска компанија за заем од 800 милиони евра за реконструкција на стадионот.

Доколку зделката се активира, тогаш долгот на Барселона ќе се искачи на 1,6 милијарди евра, што би било непоправливо за еден од најголемите тимови во светот.

loading...

Facebook