Connect with us

Фудбал

ОБЈАВЕНА ЛИСТА НА НАЈСКАПИ ФУДБАЛЕРИ: Белингем е највреден, Мбапе го нема ни меѓу 20-те

Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) ја објави листата на 100 најскапи фудбалери, а на врвот на листата е Англичанецот Џуд Белингем. Белингем, членот на Реал Мадрид, се проценува дека вреди 267,5 милиони евра.

На втората позиција е поранешниот соиграч на Белингем од Борусија Дортмунд, сега напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, чија вредност се проценува на 251,2 милиони евра, а на третата позиција е уште еден играч на Реал, Винисиус Жуниор, кој вреди 250,3 милиони евра.

Интересен е податокот дека напаѓачот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Килијан Мбапе не е ниту меѓу 20-те најскапи играчи во светот. Неговиот договор со „светците“ истекува за шест месеци, а тој е проценет на 106,2 милиони евра и се наоѓа на 27. место.

Advertisement