Connect with us

Фудбал

Објавено ВИДЕО од сообраќајката во која загина 27-годишен турски фудбалер

Турските медиуми утрово објавија трагична вест дека загинал фудбалер на Коњаспорт, Ахмет Чалик. Тој загинал во сообраќајна несреќа. 27-годишникот бил сам во возилото и загубил контрола врз истото, па излетал од патот и се превртел повеќе пати. За жал, Чалик не го издржал излетување и починал во сообраќајката, што беше потврдено од фудбалскиот сојуз на Турција. Попладнево тамошните медиуми објавија и видео како се случила сообраќајката. Возејќи по автопатот со голема брзина претекнувал камион при што загубил контрола врз своето возило и излетал од патот.