Connect with us

Фудбал

Објавено видео од тепачка во ноќен клуб, најлошо помина мајката на младиот фудбалер на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Младиот играч за врска на Манчестер Сити, Фил Фоден повторно се најде во центарот на скандал. Фудбалерите на Манчестер Сити имаат многу проблеми со дисциплината и често се на насловните страници на островските медиуми благодарение на лошите работи. Се појави видео од тепачка во ноќен клуб. Фоден се обидува да го напушти местото на настанот влегувајќи во друга соба, но набргу потоа неговата мајка влегува во жестока расправија, па започнува физичка пресметка со еден од мажите.

Во тепачката потоа се вклучуваат неколку луѓе, а во ходникот се приклучува и Фоден со уште една помлада жена.

Уште во мај минатата година беше објавено дека мајката на Фоден била претепана во пијана состојба во ноќен бар, па не се знае дали видеото објавено на социјалните мрежи дури денеска се однесува на тогашниот инцидент или се работи за нов настан.

Во секој случај, не е пријатно тоа што го доживеа младиот Англичанец, а на видеото јасно се гледа дека било многу жестоко и дека очигледно мајката на Фоден се здобила со тешки повреди.

Талентираниот Фоден има 21 година, но веќе го следи низа скандали предизвикани надвор од фудбалскиот терен.