Connect with us

Фудбал

Облак објасни зошто остана во Атлетико: Дадени ми се гаранции…

Јан Облак кон средината на април потпиша нов договор со Атлетико Мадрид.

Облак со одличните настапи на голот на Атлетико „падна„ во очите на бројни великани, а најмногу се спомнуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но на крајот одлучи да остане помеѓу „Јорганџиите“.

Неодамна Облак стави потпис на новиот договор до 2023. година со кој на годишно ниво ќе заработува 10 милиони евра, со што јасно дојде стави до знаење дека нема намера да бега од Мадрид, а тоа го потврди и во разговор за тамошните медиуми.

„Се додека амбициите на Аталетико се исти како моите, не планирам да заминам. Останав затоа што сега е така. Некој можеби не верува дека амбициите се исти затоа што некои фудбалери заминаа, но уверен сум дека клубот ќе направи се што е можно да донесе квалитетни играчи“, рече Облак, па додаде:

„Кога го потпишав договорот разговаравме за иднината, дадени ми се гаранции какви што има клубот и тие нема да се променат“, кажа Облак.

Облак стана член на Атлетико во 2014. година, претходно настапуваше за Бенфика, а со мадридскиот клуб во изминативе години освои Лига Европа, Супер купот на Европа и Суперкупот на Шпанија.