Connect with us

Тајмаут

Обложувач направи неверојатен облог на натпревари од НБА лигата

Еден обложувач пред неколку дена стана побогата за 81.000 долари.

Тој се обложил 15 долари на облог дека четворица НБА кошаркари ќе постигнат 15 или повеќе поени на натпревар во истата вечер.

Облогот е уште посилен кога се знае дека сите овие кошаркари постигнуваат под 10 поени по натпревар, но тој беше убеден дека е време сите да ја поминат границата.

Шансите беа многу примамливи, а среќата му послужи бидејќи сите четворица отидоа далеку над границата на поени што ги постигнуваат по натпревар.

На ливчето беа Џастин Холидеј (постигна 17), Лендри Шамет (16), Даниел Тис и Блејк Грифин (по 15).

Шамет е тој што го „извлече“ облогот. На пет минути пред крајот имаше 10 поени, но потоа врза две тројки и парот помина.

Така, овој среќен обложувач заработи 81.000 долари на 15 вложени.