Фудбал
Очекувано? Македонската репрезентација остана на 62. место на ФИФА ранг-листата
Со оглед на паузата која ја прават репрезентациите, немаше никаква промена на врвот. Белгија остана прва пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај, Данска…
Македонија се наоѓа на 62. позиција со 1374,73 бодови, па од таа позиција ќе го почнеме настапот на ЕП и доколку имаме добри резултати против Австрија, Украина и Холандија, тогаш би можеле да забележиме напредок.
Резултатите од шампионатот би можеле да влијаат на следното рангирање, кое е закажано за 12 август.