Connect with us

Фудбал

Од Академија Пандев во словачка Жилина, 18-годишниот играч за врска ја почна својата интернационална кариера

Талентираниот 18-годишен играч за врска Андреј Стојчевски почна интернационална кариера, откако го напушти македонскиот прволигаш Академија Пандев и потпиша за словачката екипа Жилина.

– Преговорите кои се водеа изминатите неколку недели помеѓу двата клубови се завршени со успех и Андреј Стојчевски го прави својот прв интернационален трансфер, соопшти вечерва струмичкиот прволигаш.

Стојчевски потекнува од фудбалската академија на Вардар, а дресот на клубот од Струмица го носеше една сезона.

– Андреј дојде во Академија Пандев пред една година и со своите игри докажа дека станува збор за голем талент. Ние сме среќни што еден млад фудбалер, кој има само 18 години, ќе има шанса да се доразвие во посилна лига и во клуб со голема традиција, како што е Жилина, се додава во клупското соопштение.

Словачкиот клуб објави дека Стојчевски се обврзал на четири годишна верност