Други спортови
Од Барселона му понудија на Хабиб да ги смени боите на клубот, па добија феноменален одговор
Хабиб Нурмагомедов во вторникот беше на трибините на стадионот „Камп Ноу“ каде го поддржа ПСЖ против Барселона.
УФЦ шампионот е голем пријател со раководството на францускиот шампион и на нивна покана дојде да ги бодри во мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Орелот е познат како голем навивач на Реал Мадрид, а пред овој натпревар имаше интересна порака на Инстаграм.
“На пат кон Камп Ноу. Напред во ПСЖ. Хала Мадрид”, напиша Хабиб.
Од профилот на Барселона тие тогаш одговорија:
“Дали сте сигурни? Никогаш не е доцна да ги смените боите на клубот”.
Хабиб имаше готов одговор.
“Јас сум навивач на Реал Мадрид од 1998 година, но никој не може да ја негира големината на клубот како Барселона. Среќно за вас во овие тешки времиња”, напиша Хабиб.
Барселона немаше многу среќа на мечот со ПСЖ и беше поразена со 4:1 и има навистина мали шанси да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.