Connect with us

Ракомет

Од денес можност за фотографирање со пехарот од ракометната ЛШ

Европскиот ракометен првак Вардар почнувајќи од денес па се до 26 јуни организира „Отворени денови“ во кои сите фанови на „црвено-црните“ и воопшто љубители на спортот ќе имаат можност да се фотографираат со пехарот освоен во Келн.

Заинтересираните фотографирањето ќе можат да го направат во периодот од 15 до 20 часот.

Вардарци пред дваесетина дена по вторпат го освоија трофејот во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.

И не само тоа, секој што сака може да добие и професионално направена фотографија со пехарот наместо да го користи својот мобилен телефон. Секој ден во периодот од 18 до 20 часот на располагање ќе биде клупскиот фотограф кој може да ви направи фотографија со шампионскиот пехар.

Сите што ќе решат да го користат фотографот за да добијат професионална фотографија ќе можат да добијат и попуст од 10 отсто на целото мени во Скај барот и во ресторанот во хотел Русија.

Посете го и фан шопот што е во склоп на СЦ „Јане Сандански” каде може да се купат и новите шампионски маички со пехарот од ЛШ, апелираат од РК Вардар.