Connect with us

Фудбал

Од Фенербахче и Манисаспор, до Бачка Топола, најдобриот стрелец во Македонија ќе игра во Србија (ФОТО)

Најдобриот стрелец во македонското фудбалско првенство Мартин Мирчевски има нов клуб. Тоа е српскиот прволигаш Бачка Топола, кој во моментов е на средината на табелата. Ова секако е изненадувачки трансфер на Мирчевски, особено откако турските медиуми пишуваа дека два турски тима се заинтересирани за 24-годишниот крилен напаѓач на Академија Пандев.

Фенербахче и Манисаспор беа заинтересирани за неговите услуги, барем така се пишуваше, но на крајот Мирчевски, кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, заврши во Бачка Топола.

Трансферот го потврди самиот српски тим, без да открие повеќе детали околу самиот договор. Мирчевски во својата кариера играл за Победа, Пелистер, Трепча, Вардар и Академија Пандев. Мирчевски  на 18 провлигашки мечеви постигна 16 голови со што е најдобар стрелец во македонското првенство.