Connect with us

Други спортови

Од Мерцедес веруваат во Ботас

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека тимот не ја загубил вербата во Валтери Ботас. Финецот во 2018 година не забележа ниту една победа во шампионатот од Формула 1, а имаше гласини дека од 2020 година, тој може да биде заменет со Естебан Окон.

  • Се разбира, ние сметаме на Естебан во иднина. Имаме опции за тоа за 2020 година. Тој може да биде дел од Мерцедес. Зависи од тоа како следната сезона ќе ја одработи Ботас. Ние не ја загубивме вербата во Валтери. Ако не верувавме во него, сега би го замениле. Тој е наш човек и ние сме на негова страна, нагласи Волф.