Фудбал
Од Наполи велат: Ги одбивме 50 милиони евра од Сити
Иако пред неколку дена италијанските медиуми објавија дека Наполи и Манчестер Сити постигнале договор за трансферот на сјајниот играч од средниот ред, Жоргињо, се чини дека тоа не се случило.
Имено, имаше гласини дека е постигнат договор за трансферната цена, и дека Манчестер Сити ќе плати 50 милиони евра на Наполи за услугите на Жоргињо.
Понудата од 50 милиони евра од Сити постои, но се чини дека нема договор. Денес се појавија информации дека Наполи ја отфрли понудата на Манчестер Сити, а сега тоа го потврди и претседателот на италијанскиот клуб Аурелио Де Лаурентис.
“Жоргињо? Ја отфрлив понудата на Манчестер Сити од 45 милиони евра и дополнителен бонуси од пет милиони евра”, изјави Де Лаурентис за “Кориере дело спорт”.
Додека во Неапол очигледно сакаат да ги задржат Жоргињо, прашање е дали Де Лаурентис ќе може да одбие ако на адресата на неговиот клуб добие повисока сума од „Граѓаните“.