Connect with us

Фудбал

Од шанси за пласман во Европа, до зоната за испаѓање, македонската лига не била интересна?!

Попладнево, се разбира поради коронавирисот и мерките од Владата, се одиграа натпреварите од 23.коло од ПМФЛ. Неколку резултати можат да се наречат изненадување. Пред се поразот на Шкендија во Тетово од Работнички со 1:0, но и триумфот на Ренова со идентичен резултат, исто така на гостинси терен против Академија Пандев. Токму овие две екипи во ова коло можеме да кажеме дека се во фокусот на вниманието и покажуваат колку македонската фудбалска лига е непредвидлива, барем според изгледот на табелата.

До пред неколку кола Ренова беше на претпоследното место на табелата во зоната за испаѓање. Сега врза четири победи во низа и направи скок на четвртото место на табелата. Популарните „гипсари“ сега имаат 31 бод, или четири помалку од Шкендија на третото место, позиција која носи излез на европската фудбалска сцена.

За разлика од нив, нивниот денешен противник Академија Пандев по фантастичниот почетокот на сезоната и лидерското место во неколкуте воведни кола, сега има катастрофална серија. „Пандевци“ практично заборавија да победуваат. Сменија и тренер, но резултатите останаа исти. Последен пат Академија Пандев забележа триумф во првенството во октомври минатата година со 4:0 против Македонија ЃП. Од тогаш „црната“ серија трае, па сега од врвот „падна“ на седмата позиција со 28 бодови  и само три бода предност во однос на последнопласираниот тим на табелата Струга Трим Љум. Сепак, според моменталниот изглед на табелата со една или две победи може да има неколку позиции „скок“ или „пад“ на табелата.

Резултати ПМФЛ, 23.коло

Академија Пандев – Ренова 0:1

Македонија ЃП – Борец 0:2

Шкендија – Работнички 0:1

Шкупи – Силекс 1:1

Вардар – Струга Трим Љум 1:0

Табела: Вардар 46, Силекс 36, Шкендија 35, Ренова 31, Шкупи 29, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 28, Работнички 28, Борец 27, Струга Трум Љум 25.