Connect with us

Тајмаут

Од спортска ѕвезда до самото дно-Некогашната најбарана жена во светот оди во затвор!

Некогаш најбараната жена на Интернет, борачката Тами Сич, беше осудена на 17 години затвор поради предизвикување сообраќајна несреќа која резултираше со смрт на 75-годишен маж.

Во текот на деведесетите, Сич (50) беше една од најголемите спортски ѕвезди, па на познатиот интернет пребарувач AOL беше најпребаруваната жена во светот (во 1996 година).


Сепак, кариерата на Американката целосно се распадна откако влезе во проблеми со дрогата и љубовните врски. Ја исфрлиле од најелитната организација WWE, а потоа почнала да снима порно филмови. Уапсена е поради поседување дрога и оружје, а сега ќе треба да оди во затвор долги 17 години. Таа беше прогласена за виновна за предизвикување сообраќајна несреќа на Флорида минатиот март во која загина 75-годишниот Џулијан Ласетер.

Според полициските извештаи, Сич возела Мерцедес кога се судрила со возило запрено на семафор. Во тоа возило бил Ласетер, кој починал на местото на настанот. Трајно и е одземена возачката дозвола. Според TMZ, Сич се скршила во солзи на судењето и се извинила за своите постапки.