Други спортови
Одбојкарите поразени од Австрија
Во првиот настап пред домашната публика во Сребрената европска лига, македонската одбојкарска репрезентација е поразена од Австрија со 3:1.
Нашите одбојкари направија премногу грешки и на противникот му дозволија да ги освои бодовите. Пропуштена е шанса да се избориме за петти сет откако во четвртиот не искористивме неколку сет топки и на крајот гостите стигнаа до победа.
Мечот го отворивме лошо, Австрија во еден момент стигна до предност од седум поени и успеа да поведе со 1:0.
Во вториот игравме најдобро и откако славевме со 25:22 го израмнивме резултатот на 1:1. Во третиот повторно доминација на Австрија за водство од 2:1, а во последниот сет се водеше жестока битка која на крајот им припадна на гостите.
Во следното коло на 30 мај и гостуваме на Австрија, а потоа следуваат два натпревари на домашен терен против Летонија и Косово.
Македонската репрезентација без оглед на постигнувањата во групата им обезбеден пласман на завршниот турнир бидејќи Скопје е домаќин на решавачките натпревари во ова натпреварување.