Други спортови
Одбојкарите вечерва и гостуваат на Австрија
Македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва и гостува на Австрија во натпревар од четвртото коло во Сребрената европска лига.
Нашите репрезентативци по серијата од двата последователни порази на гостувањето во Амштетен ќе се обидат да стигнат до вториот триумф во оваа фаза од натпреварувањето. Проблем за селекторот Љубомир Травица е повредата на капитенот Никола Ѓорѓиев, но се очекува тој да биде во составот и на колегите од националниот тим да им помогне во овој дуел.
Сепак без оглед на епилогот на овој натпревар македонските одбојкари како домаќини веќе го имаат обезбедено настапот на завршниот турнир и овој меч ќе се искористи за подигнување на формата пред решавачките дуели во ова натпреварување.
Мечот со Австрија почнува во 20 часот и 15 минути.