Connect with us

Други спортови

Одбојкарките на Србија се нови европски шампионки

Репрезентацијата на Србија го освои трофејот на Европското првенство во одбојка за жени откако вечерва со 3-1 ја победи Холандија.

Финалето на ЕП во Баку почна со подобра игра на Холандија, но од половината на првиот сет Србинките ја преземаа иницијативата и поведоа со 2-0 по 25:20 во првиот и 25:22 во вториот сет. Возвратија Холанѓанките со 25:18 во третиот сет, но немаа сили за целосен пресврт па четвртиот сет со 25:18 го решија во своја корист српските одбојкарки за конечен триумф.

Ова е прво злато за Србија на континенталните првенства.

Како предигра за финалето се одигра мечот за третото место во кој Турција го победи домаќинот Азербејџан со 3:1.