Фудбал
Одегард „распали“ кон судиите: Тоа никогаш нема да биде фаул
Ареснал вчера го одигра натпревар против Манчестер Јунајтед, а беше поразен со 3:1.
Гостите одиграа многу добар натпревар на „Олд Трафорд“, но на крајот си заминаа дома без бод.
Манчестер Јунајтед имаше водство, Арсенал се врати и кога се очекуваше „Топџиите“ да нападнат, се тргна наопаку за нив.
Примија два брзи гола, а Манчестер Јунајтед сигурно го приведе натпреварот до крај и победи.
Сепак, се можеше да биде сосема поинаку доколку судијата не го поништи голот на Арсенал во првото полувреме.
Резултатот беше 0:0, „Топџиите“ поведоа, но по долга комуникација со ВАР собата голот на Арсенал беше поништен.
За ова по натпреварот зборуваше капитенот на Арсенал, Мартин Одегард.
„Никогаш нема да биде прекршок. Судијата го виде тоа и рече играта да продолжи. Тоа беше мек старт од мојотата страна. Работите секогаш изгледаат поинаку на камерата. Тоа никогаш нема да биде фаул за мене. Тоа е фрустрирачки“, рече Одегард.
🗣 "It's never a foul."
Martin Odegaard says it was a soft challenge to disallow Arsenal's goal pic.twitter.com/xDUZyonxJi
— Football Daily (@footballdaily) September 4, 2022
Да не беше поништен тој гол на Арсенал, играта можеше да добие сосема поинаков тек, а прашање е каков ќе беше конечниот резултат.
Сепак, Арсенал мора да се помири со првиот пораз во новата сезона, и да се сврти кон нови натпревари.