Connect with us

Кошарка

Одличен трејд во НБА лигата

Четири НБА екипи вечерва направија голема размена на играчи.

Во размената учествуваа Сакраменто Кингс, ЛА Клиперс, Милвоки Бакс и Детроит Пистонс, а беа разменети седум играчи.

Главното име на трејдот е шпанскиот кошаркар Серж Ибака кој го напушти ЛА Клиперс и кариерата ја продолжува во Милвоки Бакс.

Покрај Ибака, Бакс добија пари и два идни пика во втората рунда на драфтот.

Клиперси во замена ги добија Родни Худ и Сами Ојеле, Сакраменто Кингс Донте ДиВинченцо, Треј Лајлс и Џош Џексон.

Детроит Пистонс во оваа зделка го доби Марвин Бегли Џуниор.

Денеска продолжува преодниот рок во НБА лигата.