Connect with us

Фудбал

Одлични вести, легендарниот тренер го победил коронавирусот

Пред неколку дена бразилскиот тим Фламенго потврди дека нивниот тренер, легендарниот Жорж Жезус е заразен со смртоносниот коронавирус. Но, по неколку дена новите резултати и тестирања покажале дека е негативен.

-Фламенго ја информира јавноста дека новиот тест на Жезус беше негативен. Клубот на сите им е благодарен на поддршката, стои во соопштението.

Жезус има 65 години, а според Светската здравствена организација, овие лица спаѓаат во најризичната група за вирусот Ковид-19. Тој во својата кариера најголемиот успех го доживеа со Бенфика, а со Фламенго ја освои Копа Либертадорес.