Connect with us

Други спортови

Одлични вести од адвокатите на Новак Ѓоковиќ

Светскиот рекет број еден во тенис Новак Ѓоковиќ беше заразен со коронавирус во декември 2021 година. Затоа доби медицинско ослободување од учество на Австралија опен без задолжителната вакцина. Ова го соопшти адвокатот на српскиот тенисер во судот во Австралија.

Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот во Мелбурн, а локалните власти му ја укинаа визата. Спортистот моментално е сместен во хотел за бегалци.

„Датумот на првиот позитивен ПЦР тест е 16 декември 2021 година“, изјавија адвокатите во судот.

Во понеделник треба да биде јасно дали Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија или ќе му биде дозволено да остане во земјата. Без разлика на исходот на сагата, шансите за учество на Австралија опен се премали.

Реклама

Facebook

Реклама