Connect with us

Фудбал

Одлични вести од Лионел Меси

Една од ѕвездите на светскиот фудбал – Лионел Меси, навести крај на кариерата. Аргентинската легенда проговори по чистата победа од 3:0 над Венецуела, велејќи дека по завршувањето на Светското првенство во Катар во декември „многу работи ќе се променат за него“.

„Не знам што ќе правам по Светското првенство. Размислувам за она што претстои. По Катар ќе треба да преоценувам многу работи“, изјави Меси.

Запрашан дали ќе продолжи да го носи дресот на својата репрезентација и следната година, Меси рече: „Не знам, вистината е дека не знам. Размислувам за тоа што доаѓа наскоро, натпреварот со Еквадор во вторник и контролите во јуни и септември. Се надевам дека ќе поминат на најдобар начин. Едно е сигурно – по завршувањето на Светското првенство многу работи ќе се променат“.