Фудбал
Одличниот фудбалер отпатува да потпише за гигантот, па следеше шок
Платил приватен авион, ги одвел семејството и претставниците на потпишувањето на договорот. Немаше поим што ќе се случи со него.
Ајакс летово од продажбата на играчи инкасира повеќе од 200 милиони евра, но со последниот потег засекогаш го наруши нивниот углед.
Холандскиот шампион и Лукас Окампос се договорија за трансфер. Аргентинскиот напаѓач ја напушти Севиља и требаше да потпише за Ајакс во зделка вредна 20 мил.
Тој резервира приватен лет за патување во Амстердам, на аеродромот пред новинарите се прости од Севиља и тргна во нови авантури.
Меѓутоа, кога пристигнал во Холандија, го дочекало целосен шок. Ајакс се повлече од преговорите и не ја прифати понудата.
Ова многу го налути Окампос, па сега одличниот напаѓач кој се уште е во Амстердам се чувствува понижен и исмеан.
Претставниците и поранешните играчи на Ајакс, Едвин Ван дер Сар и Јан Клас Хунтелар се подготвени лично да се извинат, но од трансферот нема ништо.
Денеска завршува преодниот рок во Холандија и има многу малку време да се најде нов договор бидејќи раководството на Ајакс не се согласува да плати 20 мил.
Сето тоа го изнервира спортскиот директор на Севиља Мончи, кој веќе реализираше два трансфери од планираните пари за продажба на Окампос.
Јанузај веќе пристигна во тренинг кампот Нервион, додека наскоро се очекува потписот на Долберг, а утре завршува преодниот рок во Шпанија.
Севиља сакаше да ангажира уште еден играч од средниот ред, но со останувањето на Окампос целиот ростер е пополнет и едноставно нема место за нови играчи.
Инаку, Севиља го комплетираше прилично скудниот преоден рок и неуспехот на трансферот на Окампос ќе биде шлаг на тортата, особено по слабиот старт на сезоната со еден бод од три натпревари.