Кошарка
Одложен натпреварот помеѓу Лејкерс и Клиперс поради трагичната смрт на Коби Брајант
Во „Стејплс“ центар, вечерва требаше да се игра големо градско дерби меѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс.
Сепак, по трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, одлучено беше да се одложи овој натпревар. Брајант е без сомнение еден од најдобрите играчи што досега ги имал Лејкерс, и ова е огромна загуба за нив.
Лејкерси утрово потврдија дека побарале од НБА-лигата дозвола да го одложат мечот против Клиперси, бидејќи е јасно дека кошаркарите на овој тим не се подготвени за натпреварот во овој момент.
„Во консултација со НБА лигата, натпреварот меѓу Лејкерси и Клиперси е одложена, а датумот на овој натпревар ќе биде договорен“, изјавија од Лејкерс.
„Лејкерс сакаат да им се заблагодарат на сите за нивната голема поддршка и утеха. Ова е многу тешко време за сите нас. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме семејството Брајант и ќе ги споделиме новите информации што ќе ги имаме.“
— Los Angeles Lakers (@Lakers) January 27, 2020