Фудбал
Одлуката за спорниот натпревар Јувентус – Наполи ќе ја слушнеме следната недела
Минатата недела се крена голема прашина откако не се одигра натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи.
Фудбалерите на Наполи не отпатуваа во Торино на мечот поради неколку заразени играчи во своите редови, а Јувентус не сакаше да го одложи овој натпревар. Играчите на „Старата дама“ пристигнаа на стадионот како да се игра натпреварот, додека гостите не се појавија.
Натпреварот се очекува да биде регистриран со резултат 3:0 за Јувентус, додека во Наполи бараат нов термин за одигрување на овој дуел. Но, последниот збор ќе го дадат челниците на Серија А.
Медиумите на Апенините денес пишуваат дека одлуката требаше да биде донесена денес, но дека нема ништо од тоа. „Скај Спорт Италија“ објави дека на состанокот било договорено одлуката да не биде донесена и дека ќе разговараат за тоа повторно следната недела.
Сепак, сите веруваат дека натпреварот ќе биде решен во корист на Јувентус на зелена маса бидејќи е јасно дека го следеле протоколот, додека во Наполи не го сторија тоа затоа што Јуве не се согласи да го одложи натпреварот.