Connect with us

Фудбал

Одработи три меча, освои трофеј, па сега оди во изолација, има коронавирус

Тренерот на францускиот шампион ПСЖ, Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус потврди тимот од Париз. Аргентинскиот стратег добил позитивен тест, па во наредниот период нема да може да го предводи тимот, туку ќе биде во изолација.

Тој три меча седеше на клупата на овој тим, освои трофеј, откако го совладаа Марсејл во Суперкупот, а сега ќе го нема дваесетина дена.