Connect with us

Фудбал

Одреден судијата на првото полуфинале на Светското првенство

Полуфиналните натпревари се закажани за вторник и среда, а ФИФА го објави првиот судија, натпреварот помеѓу Франција и Белгија во вторникот.

Улогата на прв судија ќе ја има Уругваецот, Андрес Кунха, а помошниците исто така се од оваа земја, Николас Таран и Маурицио Еспиноза. Четвртиот судија е Мексиканецот, Сезар Рамос.

Кунха на овој Светски куп судеше на два натпревари од групната фаза. Ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Франција и Австралија, Иран и Шпанија.

Кој ќе суди на вториот натпревар помеѓу Хрватска и Англија се уште не е одлучено.