Фудбал
Официјално: Арсенал го потврди заминувањето на Обамејанг
Екипата на Арсенал потврди дека поранешниот капитен на клубот Пјер-Емерик Обамејанг го напуштил клубот со заедничка согласност. Се очекува 32-годишниот фудбалер да потпише со Барселона и дури беше забележан како тренира со неговиот иден нов клуб во вторник, иако Каталонците се уште не ја потврдија неговата вмешаност.
Сепак, „топчиите“ открија дека габонскиот напаѓач заминува по четири години минати на „Емирати“.
Му посакуваме се најдобро на Ауба во следното поглавје во кариерата и му благодариме за неговиот придонес во клубот“, се вели во соопштението на лондончани.
Обамејанг потпиша со Арсенал во јануари 2018 година кога пристигна од Борусија Дортмунд. Во тој период, тој постигна 92 гола на 162 натпревари, освојувајќи ја Златната копачка во Премиер лигата во својата прва целосна сезона.
Тој ги постигна двата гола како капитен на Арсенал во финалето на ФА Купот во 2020 година, кога Топџиите го победија Челзи со 2-1.
⚡ For the match-winning moments
?♂️ For the iconic celebrations
? For making us smileThank you for everything, @Auba ❤️
— Arsenal (@Arsenal) February 1, 2022