Фудбал
ОФИЦИЈАЛНО: Барса по пет години го врати Ерик Гарсија на „Камп Ноу“!
Овој талентиран дефанзивец од неодамна ги договори сите услови со Барселона, а денес и официјално стана играч на каталонскиот гигант.
„Каталонците” утрово го потврдија и второто засилување за новата сезона, Ерик Гарсија се врати на Камп Ноу и се обврза до јуни 2026 година и доби откупна клаузула од 400 милиони евра.
„Никаде не е како дома“, порачаа од Барселона со видео за добредојде за 20 годишниот фудбалер.
Com a casa, enlloc! pic.twitter.com/Te1s96Sgkz
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 1, 2021
Барселона соопшти дека е постигната согласност со Ерик Гарсија за договор до јуни 2026 година во кој ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.
Дефанзивецот ќе пристигне беспари на 1. јули откако ќе му заврши договорот со Манчестер Сити.
Зделката е налик на онаа на Жерард Пике од пред 13 години. Ерик Гарсија е продукт на „Ла Масиa“ но во 2017 реши да замине и да си ја проба среќата во Премиерлигата, во редовите на Манчестер Сити. Откако не доби многу шанса да се докаже во дресот на „граѓаните“, Шпанецот реши да се врати на Камп Ноу.