Други спортови
Официјално: Братот на Роси доаѓа на местото на Маркез
Лука Марини сега и официјално стана нов возач на Репсол Хонда, а во тој тим ќе го замени долгогодишниот возач Марко Маркес.
Помладиот брат на легендарниот Валентино Роси имаше договор за 2024 година со тимот VR46, но сепак заминува во тимот за кој неговиот постар брат возеше од своето деби во кралската класа во 1999 до 2003 година. А што е уште поинтересно, тој го заменува возач кој се профилираше како еден од најголемите ривали на неговиот брат Марк Маркес.
Марини во претходниот дел од кариерата во најсилната категорија забележа два подиуми и еден најбрз круг во 53 трки, а од дебито на Светското првенство има вкупно шест триумфи и 17 подиуми. Потпиша договор со Хонда за следните две сезони.
Неговиот брат Валентино Роси ги освои првите три титули во кралската класа како возач на Хонда – во 2001, 2002 и 2003 година, пред да се пресели во Јамаха, со која четири пати стигна до тронот. Еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња постигна 33 триумфи на Хонда, а за четири сезони забележа вкупно 54 подиуми.
Во Репсол Хонда, Марк Маркез ги освои сите шест титули во кралската класа во 2013, 2014 и од 2016 до 2019 година Шпанецот од следната сезона ќе вози во Гресини на Дукати.
Лука ќе дебитира во Хонда во вторник, за кога е закажано тестирање на патеката „Рикардо Тормо“. Почетокот на тестот е закажан во 9 часот.