Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: „Дербито на Италија“ ќе се игра без публика

Иако постоеше можност да има присуство на публика, сепак раководството на Серие А, а во соработка и препораките со Министерството за здравство на Италија, донесе одлука „Дербито на Италија“ да се игра зад затворени врати, односно без публика.

Одлуката е донесена како дел од превенцијата против ширењето на коронавирусот, со оглед на тоа дека Италија, по Кина е најголемото жариште на болеста.

Дуелот Јувентус – Интер се игра во недела со почеток во 20:45 часот на „Алијанц Арена“ во Торино.