Connect with us

Други спортови

Официјално: Ѓоковиќ не оди на УС Опен!

Новак Ѓоковиќ официјално објави дека се повлече од претстојниот УС Опен.

Како невакциниран странец, Ѓоковиќ не може да влезе во земјата, а Американската тениска асоцијација (USTA) не побара од американската влада изземање за трикратниот шампион.

„За жал, нема да се натпреварувам оваа година во Њујорк. На сите играчи им посакувам добар турнир. Благодарност до моите #NoleFam (обожаватели) за сета љубов, поддршка и охрабрување. Продолжувам да ја одржувам формата и оптимизмот и се радувам на нови натпревари. Се гледаме наскоро!“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Последниот Грен слем турнир годинава започнува на 29 август. Новак славеше во Њујорк во 2011, 2015 и 2018 година.

„Новак е голем шампион и жално е што нема да може да настапи, бидејќи не може да влезе во земјава како невакциниран странец. Со нетрпение очекуваме повторно да бидеме домаќини на Новак на УС Опен во 2023 година“, изјави директорката на УС Опен, Стејси Аластер.