Фудбал
ОФИЦИЈАЛНО: Конте суспендиран, ќе мора да плати и парична казна
Тренерот на Интер Антонио Конте е суспендиран на два меча и нема да може да го предводи својот тим од клупата на дуелите со Беневенто и Фиорентина. Воедно, тренерот на тимот од Милано ќе мора да плати парична казна од 20 илјади евра.
Суспензијата доаѓа по неговите бурни вербални реакции на адреса на судијата Мареска на мечот со Удинезе кој заврши без голови. Тогаш доби црвен картон, а италијанските медиуми пишуваат дека расправијата продолжила и по мечот во тунелот. Конте бил незадоволен од тоа како Мареска го суди мечот, кој пак, наводно му порачал научете се да не реагирате кога не победувате.