Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Легендарниот Андриј Шевченко ќе биде тренер на Горан Пандев, ќе дебитира против Мурињо

Легендарниот фудбалер на Милан, Андриј Шевченко се враќа во Серие А, овој пат како тренер. Поранешниот украински репрезентативец ќе биде новиот тренер на Џенова во чии редови настапува македонскиот напаѓач Горан Пандев.

Информациите велат дека Шева ќе го има своето деби како тренер во Серија А на 21 ноември и тоа против Рома на Жозе Мурињо.

Потсетување дека токму Португалецот му беше тренер на Шевченко кој настапуваше како играч во Челси во сезоната 2006/2007.