Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Лука Станковски потпиша за Газиантеп (ФОТО)

Како што објавивме пред неколку дена, Лука Станковски е нов играч на турскиот тим Газиантеп. Денеска сето тоа стана официјално, а стигна потврда од тимот од Турција.

Трансферот го потврдија и од Работнички.

„Среќни сме што може да го потврдиме трансферот на талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газиантеп. Работнички продолжи да реализира трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирус. Имаше неколку понуди за Станковски, но Газиантеп беше најупорен“, кажа претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Договорот е за 4,5 години, со можност соработката да биде продолжена за уште една година. Лука Станковски важи за еден од најголемите македонски фудбалски таленти.

Реклама

Facebook

Реклама